Еден гол за трето место – Нигерија е бронзена на Африканскиот куп на нациите (Видео)

Нигерија го победи Тунис во малото финале на Африканскиот куп на нациите, а бронзата на „Супер орлите“ им ја донесе напаѓачот Игало со погодок во третата минута.

Играчот на Шангај Шенхуа ја искористи грешката на стоперот на Тунис Мерија и на голманот Бен Шерифија и погоди на стартот од мечот, а потоа мрежите мируваа повеќе од 90 минути, вклучувајќи го и продолжението од пет минути.

Нигерија е рекордер на АФКОН со 8 трети места, а трипати беше и шампион на континентот.

Задутре во финалето и мечот за титула, битка ќе бијат Сенегал и Алжир од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести