Еден од најбизарните пенали во Бразил, неверојатно е како можеше судијата да го досуди ова (Видео)

Со употребата на ВАР системот, грешките во најсилните лиги се сведени на минимум, но на натпреварите на кои се нема помош од технологијата, уште се случуваат бизарни и помалку неверојатни судиски одлуки.

На мечот од Купот на Бразил меѓу Томбенсе и Ретро, во главна улога беше судијата Пауло Роберто Алвес Јуниор, кој досуди пенал, а речиси сите на теренот беа збунети од неговата одлука.

Фудбалери од ист тим беа во борба за топка, меѓусебно се фаулираа, а судијата без размислување покажа на белата точка. Голманот успеа да го одбрани пеналот, но одбиената топка, домашниот играч од втор обид успеа да постигне гол во 85 минута што на крајот се покажа и како решавачки за триумф од 1:0.

- Оглас -

Најнови вести