Еден од најпознатите бразилски клубови не сака да игра навечер, ниту во недела

Бразилскиот клуб Коринтијанс веќе не сака своите натпревари да ги игра во вечерни термини, ниту во неделите. Овој став на гигантот од Сао Пауло беше објавен во официјално соопштение, кое беше испратено и до Бразилската фудбалска конфедерација, како и до Федерацијата Паулиста.

Претседателот на Коринтијанс, Андрес Санчес, најави дека тимот нема да се појави на терен ако не им биде одобрено барањето.

„По пандемијата, потребно е мечевите на Коринтијанс да не се закажуваат во ноќни термини, ниту во недела. Доколку нашите средби бидат закажани во вечерни термини или во недела, Коринтијанс го задржува правото евентуално да не учествува на тие натпревари“, велат од Коринтијанс.

Два судски спора во кои играчите ги победија клубовите, се причините за овие чудни барања. Едниот од тие фудбалери беше Пауло Андре, кој го тужеше Коринтијанс и го доби на суд, па клубот мораше да му исплати 200.000 евра отштета поради тоа што „го терале“ да игра во недела, за празници и навечер. Андре се жалел дека му се кршат правата за платен одмор.

- Оглас -

Најнови вести