Еден од најпознатите напаѓачи на светот, преку фризурата даде поддршка за ЛГБТ заедницата (Фото)

Фудбалерот на Барселона кој играше како позајмен во Атлетико Мадрид, Антоан Гриезман, се појави со нова фризура, и предизвика многу коментари. Французинот има нова боја на косата, а на задниот долен дел од главата ги има боите на виножитото, како симбол на поддршка за ЛГБТ заедницата.

Гризи себиси си се смета за религиозна личност, на десната рака има тетоважа со ликот на Исус Христос, но секогаш се спротивставува на хомофобијата. Тој истотака се бунеше кога УЕФА не дозволуваше „Алијанц арената“ во Минхен од надвор да биде осветлена со боите на виножитото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести