Еден од највредните слободни играч ова лето е на радар на Интер, Атлетико Мадрид…

Маркус Турам е фудбалерот на Борусија Менхенгладбах на кој следниот месец му истекува договорот и како слободен играч ќе може да одбере нов клуб. Според најавите, за напаѓачот се интересираат клубови како Интер, Атлетико Мадрид и Лајпциг.

Турам започна во Сошо, а потоа направи трансфер во Генгамп за во 2019 година, за трансфер од девет милиони евра дојде во Борусија Менхенгладбах. „Трансфермаркт“ го проценува Турам на 32 милиони евра, што е четврта најголема вредност на фудбалерите кои ова лето ќе станат слободни играчи. Пред него се само Бензема (35 милиони евра), Лионел Меси (45 милиони евра) и Милан Шкрињар (60 милиони евра).

Во дресот на Борусија, Турам одигра 133 натпревари во кои постигна 44 гола, а имаше и 29 асистенции. Оваа сезона му беше одлична и во 31 дуел постигна 16 гола, а асистираше седум пати, што значи дека беше еден од главните играчи на Борусија. Челниците на бундеслигашот не го убедија Турам да го продолжи договорот, па на тој начин и пропуштија шанса добро да заработат од неговото заминување. Французинот сега ќе си замине без никако обесштетување.

Инаку, Маркус е син на прославениот некогашен француски репрезентативец Лилијан Турам.

 

- Оглас -

Најнови вести