Еден погодок делеше двајца прогнозери од добивање ваучери од Sport Life

Откако второто коло се покажа како добитно за многу играчи на Спортска прогноза и за еден гол ќе го имавме и првиот добитник на главната премија, прекрасниот мобилен телефон „ајфон 11“, третото коло не беше толку успешно.

Влатко и Дарко погодија по десет парови и се најдоа на еден погодок од добивање на ваучер од 500 денари од Sport Life. Тие немаа среќа, имаа по три утки, од кои едната беше на ист пар, очекуваа дека Волфсбург ќе победи кај Фрајбург, а средбата заврши 1-1.

Третото коло во кое учествуваа повеќе од 1.400 учесници веќе е зад нас, а останува следната шанса веќе во следното коло за кое ќе можете да типувате од денеска по 14 часот.

Секој поен е важен во битката во Генералниот пласман, каде што премијата е ТВ Смарт од 48 инчи што ќе го добие шампионот. Влатко П. со 29 поени е лидер по три кола. Не е доцна да се вклучите со свои прогнози.

Сите информации може да ги добиете на Спорт Манија и на страницата на Sport Life за спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести