Додека управата на Јунајтед бара нов тренер, Тен Хаг прави трансфер планови

Иако англиските медиуми пишуваат дека прашање на време е кога управата на Манчестер јунајтед ќе му врачи отказ на Ерик тен Хаг, холандскиот тренер прави планови за летниот преоден рок.

Манчестер јунајтед имаше катастрофална сезона освојувајќи го осмото место на табелата и поради за навивачите на Црвените ѓаволи, Тен Хаг уште сега е поранешен тренер, но Холанѓанецот поинаку размислува ѝ и порача на управата да биде активна на трансфер пазарот.

„Мора да донесеме уште еден напаѓач ова лето. Освен тоа, сакам уште еден играч во средниот ред и потребна ни е замена за Варан. Тогаш работите ќе изгледаат подобро, а ако остатокот од тимот остане тука и следната година, тогаш ќе можеме да размислуваме за враќање во топ четири“, изјави Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести