Чави се прости од навивачите на Барселона: Ви благодарам, од недела сум со вас на трибини

По соопштението на управата на Барселона во кое ја потврди разделбата со Чави Ернандес, сега се огласи и тренерот.

Чави со емотивно писмо им се обрати на навивачите.

„Драги пријатели, во недела завршува мојата етапа на клупата на Барселона. Никогаш не е лесно да се напушти клубот на својот живот, но горд сум, по две и пол години на чело во соблекувалната кога беше како второ семејство. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката, тие секогаш беа со мене и постојано ми ја покажуваат истата љубов.

Од недела ќе бидам уште еден навивач на трибините, сега на Олимпискиот стадион, а неколку месеци подоцна и на новиот „Камп Ноу“. Пред да станам играч, а подоцна и тренер, јас бев и сум навивач на Барселона и му посакувам се најдобро на овој тим. Работев со одлична група на играчи и персонал.

Им благодарам на сите, ги остваривме поставените цели кои минатата година кулминираа со триумфот во Ла Лига и во Суперкупот на Шпанија. Оваа сезона работите не одеа како што посакувавме, но помогнавме да се развива нова генерација млади играчи од Ла Масија кои ги инспирираат сите навивачи на Барселона.

Ви благодарам на сите, на навивачите, на играчите, на вработените во клувот, на претседалот, на Управниот одбор, на директорите, на медиумите и на сите со кои го делев ова патување кое траеше две и пол години. Му посакувам се најдобро на клубот кој го носам во срцето“, пишува во писмото на Чави Ернандес.

На местото на Чави ќе пристигне Германецот Ханси Флик, чија промоција се очекува да биде наредната недела.

- Оглас -

Најнови вести