Црвените ѓаволи ги делат 45 минути од трофеј сезонава, Гарначо и Маино ги матираа Граѓаните во првиот дел на „Вембли“ (Видео)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед водат со 2:0 против Манчестер сити по првото полувреме од финалето во ФА купот кое се игра на „Вембли“. Головите ги постигнаа Алехандро Гарначо и Коби Маино.

Очекувано за екипите кои ги предводи Хосеп Гвардиола, Граѓаните имаа поголем посед на топката (77-23 отсто), но не упатија ниту еден шут во рамките на голот на Андре Онана.
На спротивната страна, Црвените ѓаволи се одлучија шансата да ја бараат преку контранападите и успеаја да постигнат два гола.

Резултатот го отвори Алехандро Гарначо во 30-тата минута по асистенција на дефанзивецот на Сити, Јошко Гвардиол. Имено, Диого Дало од својата половина ја исфрли топката, Гвардиол сакајќи да му додаде со глава на голманот Ортега, ја префрли топката преку сопствениот голман по што на Гарначо не му беше тешко да се смести топката во мрежата.

Девет минути подоцна, одличната акција во шеснаесетникот на Сити, со гол на круниса Коби Маино по додавањето на капитенот Бруно Фернандес.

 

- Оглас -

Најнови вести