Една милијарда луѓе се очекува да гледаат Бундеслига – кои мечеви и каде денес може да ги гледате во Македонија?

По повеќе од два месеци, елитниот фудбал од Топ 5 лигите повторно се враќа. Со тоа, фудбалските фанови ќе имаат можност да следат квалитетни мечеви, најпрво од германската Бундеслига, која стартува попладнево. Во следните неколку недели се очекува да продолжат првенствата и во Шпанија, Италија и Англија, додека Французите решија да ја прекинат сезоната.

Фактот дека нема други мечеви со сличен квалитет како Бундеслигата, но и тоа дека ова е прв ден по пандемијата со Коронавирусот за враќање на елитниот фудбал, денеска се очекува да биде срушен рекорд по бројот на гледачи.

„Очекуваме дека Бундеслигата преку телевизиските екрани ќе ја следат милијарда гледачи“, рече извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

Денеска на програмата ќе има дури шест меча до Бундеслигата. Од 15:30 часот ќе играат: Аугзбург – Волфсбург, Борусија Д. – Шалке, Фортуна Д. – Падерборн, Хофенхајм – Херта и Лајпциг – Фрајбург, додека од 18:30 часот предвиден е дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах.

На македонските кабловски телевизии, Бундеслигата може да се следи единствено преку каналите на Еуроспорт. Според денешната понуда, два меча ќе бидат пренесувани во живо.

Терминот од 15:30 часот е резервиран за големото рурско дерби меѓу Борусија Дортминд и Шалке 04, додека од 18:30 часот ќе може да го гледате мечот Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах.

Секако за поинтересно следење на натпреварите, тука е и понудата од Sport Life за обложување, каде освен уживање во фудбалските мајстории, со добро направен тикет, може да заработите и пари.

 

- Оглас -

Најнови вести