Намерната и мудра утка на Карл Токо Екамби во 79. минута кога ја прескокна топката во офсајд позиција и потоа Муса Дембеле продолжи и постигна гол за 2:1 и промашувањето што е речиси невозможно, на празна мрежа, на Рахим Стерлинг во 86. минута му донесоа победа на Лион против Манчестер сити во последното четвртфинале од Лигата на шампионите.
Лион победи со 3:1, а тие два моменти беа клучни за елиминацијата на Манчестер сити, по третпат во истата фаза, во четвртфинале на ЛШ.
Муса Дембеле беше јунакот на мечот со два гола во 79. и во 87. минута, а беше резерва и влезе во игра во 75. минута.
Најпрво погоди во ситуација кога Екамби беше во офсајд, но овој не ја допре топката и му овозможи на соиграчот да погоди за 2:1. Претходно Максвел Корне со погодок во 24. минута му донесе предност од 1:0 на Лион, а израмни Кевин Де Бројне со гол во 69. минута.
https://twitter.com/FrankH2H/status/1294735105156677632?s=20
Во финишот на мечот се случи уште еден клучен момент што можеше да го сврти текот на на возбудливото последно четвртфинале во Лигата на шампионите, а тука утката беше кобна за Манчестер сити.
https://twitter.com/RainingGoals/status/1294737511109951488?s=20
Рахим Стерлинг промаши празен гол од 3-4 метри и наместо да израмни на 2:2 беше директен виновник што Дембеле веднаш потоа во контранапад постигна трет гол за Лион, доволно за елиминацијата на англискиот тим.
https://twitter.com/RainingGoals/status/1294737106422521856?s=20