Една од најталентираните шведски спортистки се самоуби, имаше само 21 година

Емилија Брангефалт имаше само 21 година и беше една од најталентираните спортистки во Шведска, но стигна шокантна вест дека извршила самоубиство. Емилија беше атлетичарка која покажа голем потенцијал освојувајќи го петтото место на Светското првенство кое пред неколку месеци се одржа во Инсбрук.

Сепак, во последниот период младата спортистка се соочуваше со здравствени проблеми. Пред неколку месеци на својот инстаграм-профил објави информација дека морала предвреме да ја заврши кариерата, и тоа поради зголеменото отчукување на срцето. Емилија порача дека нејзиното тело „се угасило“ и дека мора да прекине да го работи тоа што сака.

„Не можам веќе да се занимавам со овој спорт поради исклучително високиот број на отчукувања на срцето, и тоа од 120 до 150 во минута, дури и кога само стојам. Дури и шетањето станува болно“, беше пораката на Брангефалт испратена на 4 ноември на нејзиниот инстаграм-профил.

Според соопштението од Шведската атлетска федерација, Емилија Брангефалт извршила самоубиство. „Во текот на последните месеци Емилија се чувствуваше многу лошо и физички и психички. Ја имаше поддршката од најблиските, но самата си ги скрати маките“, стои во соопштението од Федерацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести