Српската кајакарка Милица Старовиќ му кажа „Да“ на своето момчето Антун Новаковиќ. Двајцата се кајакари, но интересно е што Милица е Србинка, а Антун е Хрват и девет години помлад од неговата сакана, а со тоа покажаа дека љубовта нема граници и дека немаат никакви предрасуди.
Новаковиќ во родниот Славонски Брод реши да ја изненади Милица и додека им свиреа хармоникаши, ја побара за жена. Милица прифати и го сподели тоа на социјалните мрежи.
Милица Старовиќ во мај наполни 32 години, а нејзиниот иден сопруг има 23. Во врска се две и пол години и ниту една граница не им беше пречка да останат во врска. Двајцата се успешни кајакари, а се запознале во Турција во 2017 година, кога Антун почнал да тренира со српската репрезентација.
Милица Старовиќ во 2016 година беше европска шампионка, а освен по добрите резултати како спортистка, позната е и како една од најубавите популарни спортистки во Србија.