Една од тактиките на селекторот на Португалија: Роналдо да биде седнат на клупа

Португалија како актуелен европски фудбалски владетел го чека Европското првенство. Низ историјата на континенталните собири, само Шпанија успеала двапати по ред да стигне до европското злато. Откако беше првак во 2008 година, тронот го одбрани во 2012 година.

Сега Португалија е со желба да го повтори овој успех и да го одбрани тронот. Селекторот Фернандо Сантос вели дека има обезбедено цигари за цел месец, што значи дека планира неговата селекција да игра во финалето. Сантос вели дека воопшто нема да биде проблем првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, да биде седнат на клупа доколку капитенот не игра на посакуваното ниво.

„Ако Кристијано не е во добра форма и сметаме дека не го дава тоа што му е потребно на тимот, тој сигурно ќе биде заменет и седнат на клупа. Нема да има проблем да го сфати тоа. Тој не е фудбалер кој може да даде голем придонес во одбраната, па ако треба да играме дефанзивно, може да биде заменет. Сепак, тој е играч кој многу значи за нашиот напад, а и одбраните на противниците многу добро знаат колку Роналдо може да биде опасен. Неговата задача е да постигнува голови“, вели селекторот на Португалија.

Според анализата на Сантос, Ппортугалија сега има уште посилен состав од тој во 2016 година и е оптимист, иако уште во групната фаза ќе треба да се соочи со голем предизвик затоа што за ривали ги има Германија, Франција и Унгарија.

 

- Оглас -

Најнови вести