Една селекција премногу отскокна кога се работи за шансите да стане европски првак

Македонија е единствената репрезентација која ни теоретски нема шанси да се пласира во нокаут фазата, па затоа е и единствена со 0,00 отсто шанси да биде европски првак. Малку над Македонија се Турција со 0.01 % и Шкотска и Унгарија со 0,04 %.

Кога се работи за шансите да се стигне до европската титула, Франција е убедливо прва со 23,3 отсто шанси да биде континентален владетел. Галските петли по првите две кола имаат победа над Германија (1:0) и изненадувачко реми против Унгарија (1:1). И покрај тоа што не се перфектни, Французите се далеку над сите останати барем според последните пресметки околу тоа кој ќе биде европски првак.

Зад Франција се Германија со 12,2 отсто, Португалија 10,6 отсто и Шпанија со 10,2 отсто. Кругот на фаворитите го затвораат Белгија 9,9 отсто, Холандија 7,7 отсто, Италија 6,8 отсто и Англија со 5,8 отсто шанси да станат прваци.

Денеска стартува третото коло на ЕП, по кое ќе бидат познати и осминафиналните двојки, што секако ќе донесе многу појасна слика кој со какви шанси е да стигне до златото.

 

- Оглас -

Најнови вести