Една земја дефинитивно го откажа учеството на ЛОИ во Токио

Северна Кореја и официјално го откажа своето учество на Летните олимписки игри во Токио. Одлуката за повлекување на сите спортисти од најголемиот светски спортски собир е донесена поради стравот од корона-вирусот. Со овој потег се стави крај на надежите дека токму на ЛОИ во Токио ќе може да се обноват разговорите за соработка меѓу Северна и Јужна Кореја.

Во 2018 година, двете земји направија заеднички тим за настап на Зимските олимписки игри, а по тој настап се случија и неколку историски самити. Од Пјонгјанг тврдат дека во Северна Кореја нема ниту еден случај на заразен од корона-вирусот, но експертите се сомневаат во точноста на оваа информација.

Северна Кореја е првата земја која одлучи да не настапи на ЛОИ во Токио кои треба да стартуваат на 23 јули. Игрите во Токио првично требаше да се одржат минатото лето, но поради стравот од опасниот вирус, беа одложени за оваа година. Ситуацијата со корона-вирусот не е многу променета, но засега не постои опција за ново одложување на ЛОИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести