Едниот трагичар, другиот е херој: Голман му одбрани пенал на друг голман и тоа беше клучно (Видео)

Кадис минимално со 1:0 го победи Еибар во дуел на две екипи кои се борат за опстанок во шпанската Примера дивисион. Гостите први погодија, но нивниот гол беше поништен поради играње со рака. Пред крајот на првото полувреме, Кадис со погодокот на Негредо стигна до 1:0.

Еибар имаше одлична шанса да израмни во 57 минута, но промашија пенал. Голманот на Еибар Марко Дмитровиќ кој погоди од белата топка против Атлетико Мадрид, повторно ја превзема одговорноста да шутира од 11 метри.

Српскиот голман овојпат не успеа да го матира колегата од спротивната страна, односно неговиот удар го одбрани Ледесма.

https://youtu.be/bWLyl-HpG3U

Со овој промашен пенал, Дмитровиќ влезе во историјата на Примера дивисион како само втор чувар на мрежата кој успеал да утне шут од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести