Вардар со победа на чекор до титула, Работнички ако загуби со една нога во втора лига

Денешните натпревари (почеток 16 часот) од Првата македонска фудбалска лига, Башкими – Вардар и Работнички – Пелистер може да најават две големи работи околу конечниот пласман.

Вардар ако победи во Гостивар (теренот во Куманово е под суспензија и Башкими реши да го нагости Вардар во Гостивар), ќе дојде на чекор од титулата, бидејќи на три кола би имал големи шест бодови предност пред Шкендија. Тетовци минатото коло киксираа против Башкими и сега се надеваат дека кумановци ќе одиграат исто толку мотивирано и против најтрофејниот македонски клуб.

Башкими на првите два меча сезонава против Вардар не даде гол, а сега целта им е што побрзо да осигураат избегнување на бараж за опстанок. Вардар во претходните две кола даде вкупно дури 14 голови, а денеска и со 1-0 би биле презадоволни, најважно им е да освојат три бода.

Во Скопје ќе се води голема битка за опстанок во ПМФЛ. Работнички го пречекува Пелистер и мора да победи. Битолчани кои се во зоната која носи бараж за опстанок, имаат четири бодови повеќе од Работнички. Затоа домашните немаат друг избор освен три бода, секоја друга опција речиси сигурно ќе значи преселба во понизок ранг. На овој меч може да се обложите во Sport Life, квотите за победа се речиси изедначени, и во најава е интересен дуел.

- Оглас -

Најнови вести