Едно полувреме за Барди – „Коцкањето“ на Трабзон го чинеше пораз кај Адана

Актуелниот првак на Турцја, екипата на Трабзонспор загуби на гостувањето кај Аданаспор со 3:2 во меч од шестото коло од Суперлигата.

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди го одигра само првото полувреме и беше заменет веднаш на стартот од продолжението, а ротациите кои што ги направи тренерот Абдула Авчи го чинеа Трабзон пораз на оваа средба.

Домаќините поведоа со голот на Кевин Родригеш во 10-та минута, а до крајот на првиот дел следеше израмнување преку пенал а стрелец беше Анастасиос Бакашеташ (36′).

Ново водство на Адана и ги донесе Баду Ндијае во 55-та минута, додека радост и израмнување на 2:2 дојде преку на Умут Бозок во 84-та минута. Но, во судиското продолжение, домаќините по трет и последен пат поведоа и тоа благодарение на голот на Самет Акајдин во 93-та минута.

Трабзон остана на бројката од 10 бода по шест одиграни кола а во четврток ќе ги одмери силите со Црвена звезда во меч од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести