Питсбург славеше против Синсинати со 11:3 во меч од Мејџор бејзбол-лигата, кој беше одбележан со голем инцидент пред самиот крај. Амир Гарет, фрлачот на Синсинати, полуде и тргна да се тепа со целиот противнички тим. Веднаш се создаде хаос, во кој учествуваа речиси сите играчи на двата тима.
Некои од играчите се обидуваа да ја смират напнатата ситуација, но некои, како што е Јасиел Пуиг, дополнително ја зголемија тензијата.
Во текот на целиот меч имало тензии од двете страни, но кога удирачот на Редс, Дерик Дитрих доби топче блиску до својата глава, зовреа страстите, а Гарет реши да се стрча кон противничката екипа и да се тепа со сите што ќе му се најдат пред патот.
The Reds' and Pirates' benches have cleared. pic.twitter.com/za8hYc0zuX
— Bally Sports Cincinnati (@BallySportsCIN) July 31, 2019