Едуок беше пребрз, голот не му се важи (Фото)

Вториот стрелец на тимот на Касимпаша, Самуел Едуок, беше пребрз со реакцијата и му одмогна на својот тим веројатно и да го победи турскиот гигант Фенербахче на гостински терен.

Мечот заврши нерешено, 2-2, а Едуок постигна гол во осмата минута, кој потоа беше оправдано поништен од судијата Угурлу.

Удар од белата точка во тој момент изведе Мбаје Дијање, голманот на Фенербахче Текин одбрани, а одбиената топка во мрежата ја смести Едуок. Но, претходно прерано влезе во шеснаесетникот, уште пред Дијање да упати удар од белата точка, па наместо гол за Касимпаша, беше досуден индиректен удар за Фенербахче.

Интересно е што сосема поинаков епилог ќе имаше доколку Дијање го погодеше пеналот. Во таков случај Едуок би добил жолт картон, а ударот од белата точка ќе се повтореше. Вака испадна дека Нигериецот постигна гол, но и го оштети својот тим со пребрзата реакција при изведувањето на пеналот.

- Оглас -

Најнови вести