Потписот на Кристијано Роналдо за саудискиот клуб Ал Наср, предизвика земјотрес во фудбалскиот свет, а на Ал Наср кој ќе потроши огромна сума (200 милиони евра по сезона) на пари за плата на Португалецот, одеднаш му процвета маркентингот.
Инаку, Наср на арапски значи победа, а стадионот на кој што играат како домаќини се вика „Мрсул парк“.
Дресот на Ал Наср со бројот 7 на грбот, е најбараната роба, навивачите утрово го „окупираа“ клупскиот фан шоп, со цел да купат дрес на Роналдо.
Драстично се зголеми бројот на следбеници кои ги доби Ал Наср. До вчера, тие на Инстаграм беа следени од 800 илјади луѓе, за само неколку часа по трансферот бројката се удвои, а во моментов имаат речиси 4 милиони следбеници, што ги прави најлајкуван фудбалски клуб во Азија.