Ефес ќе почека за титула, Фенербахче се избори за мајсторка

Фенербахче го победи Анадолу Ефес со 85-69 и изедначи на 3-3 во победи во финалето на плејофот во турскиот кошаркарски шампионат, па мајсторката во „Синан Ердем“ ќе одлучи кој ќе биде првакот.

Ефес има 13 титули, но последната пред десет години и вечерва ја испушти првата меч-топка, но ќе биде домаќин на мајсторката и има шанса да го докусури Фенер, кого го порази и во полуфиналето на фајнал-форот во Евролигата.

Вечерва пресудна беше последната четвртина, која тимот на Жељко Обрадовиќ ја доби со 32-17, фрлајќи ги во транс своите навивачи. Марко Гудуриќ со 21 и Николо Мели со 14 поени беа најефикасни кај Фенер, додека Шејн Ларкин даде 16 за Ефес.

- Оглас -

Најнови вести