1117 – Арсенал – Манчестер сити (17:30)
Натпреварот на денот го играат екипите на Арсенал и Манчестер сити, најголемите кандидати за титулата во англиската Премиер лига. Екипите во натпреварот влегуваат како второ и третопласирани, со два односно три поени помалку од лидерот Тотенхем, кој има и натпревар повеќе. “Топчиите“ веќе ја добија првата пресметка, откако го освоија трофејот од Супер купот на Англија на пенали, но сега им следи она главното, борбата за титулата во Премиер лигата. Минатата сезона беа многу блиску, но лошата форма во финишот го однесе трофејот на “Етихад“. Минатата сезона Манчестер сити беше поуспешен на двата натпревари, победувајќи дома со 4-1 и на гости со 1-3. Токму затоа ефикасно се очекува да биде и денес.
Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (2.35)
1310 – Гранада – Барселона (21:00)
Екипата на Барселона како третопласирана влегува во дуелот против повратникот во Ла Лига, Гранада, која во моментов е на претпоследната позиција со само пет поени. Очекувањата се дека “каталонците“ лесно ќе го совладаат денешниот противник и ќе ја минат Жирона на втората позиција на табелата, но и ќе му се доближат на Реал Мадрид на само еден бод заостанување. Нападот на Барселона функционира одлично оваа сезона, па ефикасен фудбал се очекува и вечерва.
Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (1.95)
3009 – Каљари – Рома (18:00)
Фудбалерите на Рома не смеат да си дозволат нов кикс на гостувањето кај фенерџијата Каљари. Сепак, лошата форма во која се наоѓа “римската волчица“ е предупредување дека најдобро е да се одигра со двојна шанса, бидејќи Рома во моментов е на катастрофалното 13-то место во Серија А. Овој натпревар можеби е и последна шанса за Жозе Мурињо да ја зачува тренерската функција во Рим, а евентуален кикс веројатно ќе му донесе отказ.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.45)
1808 – Баерн Минхен – Фрајбург (17:30)
Баерн Минхен игра фантастично оваа сезона, но изненадувачки не е лидер во Бундес лигата. Со евентуална победа денес, која не би требало да биде ставена под знак прашалник, “баварците“ ќе дојдат на втората позиција со бод помалку од изненадувачкиот лидер Штутгарт. Кога се работи за екипата на Баерн Минхен, головите се подразбираат, а ефикасно се очекува да биде и денес.
Предлог тип: 1 & 4-6 (2.35)
1709 – Рен – ПСЖ (20:45)
Екипата на ПСЖ имаше лошо отворање на новата сезона и има заостанување од пет поени од лидерот Монако, кој има одиграно и меч повеќе. Со победа вечерва, ПСЖ ќе се доближи на само два поени. Победата е императив за “светците“ и за излез од резултатската криза во која се наоѓаат после тешкиот пораз од Њукасл во Лигата на шампионите од 4-1 и киксот во домашното првенство кога одиграа само 0-0 против Клермонт.
Предлог тип: 2 (2.10)