5.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Црвена ѕвезда го уништи Панатинаикос и го презеде врвот на Евролигата

Кошаркарите на Црвена ѕвезда вечерва приредија вистински спектакл во „Штарк арената“, совладувајќи го Панатинаикос со убедливи 86-68 и преземајќи го врвот на Евролигата.

Црвена ѕвезда изгледа помоќна од кога било. По двата почетни пораза во сезоната, тимот на Саша Обрадовиќ врза седум последовни победи и сега се наоѓа на врвот со скор 7-2.

Вечерашниот натпревар беше доминација од почеток до крај. Поддржани од грмогласната публика, Црвено-белите ја контролираа играта уште од првиот напад. Одбраната функционираше беспрекорно, а Панатинаикос речиси и да не можеше да погоди ништо. По првата четвртина резултатот беше 20-12 за домашните.

Во втората четвртина следуваше целосна офанзива, предноста се зголемуваше од напад во напад и во еден момент достигна +22 (42-20).

Иако тренерот Ергин Атаман успеа да ја разбуди својата екипа пред паузата, гостите на одмор заминаа со заостанување од 14 поени, 46-32.

Во вториот дел белградскиот тим не покажа милост. Со феноменална енергија и дисциплина ја продолжи доминацијата, а по три четвртини резултатот беше дури 67-40.

Панатинаикос успеа само благо да ја намали разликата во последната четвртина, но без реални шанси за пресврт.

Најефикасни во редовите на победникот беа Коди Милер-Мекинтаер и Чима Монеки со по 14 поени, додека Огњен Добриќ додаде 10. Милер-Мекинтаер беше на чекор до трипл-дабл со девет скокови и седум асистенции.

Кај Панатинаикос, Костас Слукас постигна 16, а Џеди Осман 14 поени.

- Оглас -

Најнови вести