Ефикасно реми на дербито Хајдук – Риека, Динамо е на минус седум зад овие тимови (Видео)

Хајдук и Риека одиграа 2-2 и со новиот бод, овие два тима имаат предност од плус седум бодови во однос на актуелниот првак Динамо Загреб кој периодов е во криза.

Риека до денеска имаше примено само пет гола на 16 меча, а на „Пољуд“ прими два и тоа уште во првото полувреме. Сепак, Риека покажа зошто нема ниту еден пораз сезонава, и двапати се враќаше од негативата.

Македонскиот напаѓач Александар Трајковски кој е играч на Хајдук, не влезе во игра и остана на клупата за резерви.

Головите за Хајдук ги даде Австралиецот Ентони Калик, а првиот беше фантастичен. Погледнете го:

- Оглас -

Најнови вести