Египет на Парондо немаше сили за сензација, Французите пак ќе се борат за златен медал

Француската ракометна репрезентација се пласира во финалето на турнирот во Токио по победата од 27:24 над Египет во првото полуфинале.

Египќаните на Роберто Парондо, екстренерот на Вардар, се бореа колку што можеа и имаа свои шанси да приредат сензација против фаворизираните Гласки петли, но му дојде крајот на сонот за златото, па Египет ќе се бори за бронзен медал.

Во првото полувреме двете селекции играа со израмнети сили при резултат 13:13, нерешено беше до средината од вториот дел, кога Франција со серија од три гола првпат се одлепи, па во финишот на сигурен начин го доби мечот.

Ремили со девет погодоци ги предводеше Французите, за Египет се истакна Омар како најефикасен со шест гола.

Вториот финалист ќе се одлучува во 14 часот меѓу светскиот шампион Данска и европскиот првак Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести