Ексхоландски репрезентативец осуден на една и пол година затвор, а може да заглави многу повеќе

Судот во Амстердам го прогласи за виновен некогашниот фудбалер на Ајакс, Квинси Промес и доби затворска казна од една и пол година. Промес беше обвинет дека го избодел со нож својот роднина, и тоа за време на една домашна забава.

Инцидентот се случил во летото 2020 година, кога Промес неколку пати со нож го прободел роднината во нога. Двајцата прво имале расправија. Промес го обвинил роднината дека во минатото му украл некое ланче и никогаш тоа не му го заборавил.

Фудбалерот не беше присутен во судницата за време на изрекување на казната затоа што се наоѓа во Русија, каде што моментално игра за тимот на Спартак Москва. Промес има играно и за Ајакс, Севиља, Гоу ахед иглс и Твенте, а за репрезентацијата на Холандија има дури 50 натпревари.

Освен оваа казна, Промес се соочува со уште едно обвинение, а тоа е шверц на речиси 1.300 килограми кокаин. Се работи за две пратки од 650 килограми и 713 килограми кои се откриени во пратки во пристаништето во Антверпен. Доколку биде прогласен за крив за ова обвинение, Промес го чека нова уште поголема затворска казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести