Откако по втор пат во кариерата, играчот од средниот ред на Данска, синоќа Кристијан Ериксен колабираше на терен, а прв пат на Европското првенство во 2021 година, денеска тој се врати дома од болница и испрати порака на својот „Инстаграм“ профил до сите кои се загрижени за неговото здравје.
„Сакам да им кажам на сите дека сум добро и дома со моето семејство. Како што веројатно можете да замислите, доживувањето шок од мојот ICD (имплантибилен кардиовертер-дефибрилатор) уред имаше големо влијание врз мене и моето семејство. Сепак, сакам да ги уверам сите дека ова беше поинаква ситуација од она што се случи во 2021 година. Се чувствувам добро и моето закрепнување веќе започна. Покрај тоа што сум благодарен за поддршката и помошта на сите играчи и медицинскиот тим на теренот, исто така сум исклучително благодарен на лекарите кои се грижат за мене и моето срце во текот на сите овие години. Благодарение на нивната експертиза, дефибрилаторот го прави тоа за што е дизајниран, да ми помогне кога ми треба. Засега, мојот фокус е на опоравување, поминување време со моето семејство, одење на одмор и играње фудбал со моите деца“, напиша 34-годишниот Ериксен, кој веројатно веќе нема да игра за националниот тим, а можеби и целосно ќе се повлече, иако не најавува такво нешто.

