Екс играчот на Манчестер јунајтед ќе му ја „скинеше главата“ на противникот (Видео)

Бока јуниорс даде еден гол, но тоа беше доволно да се победи најголемиот ривал Ривер плејт во Суперкласико на „Ла Бомбоњера“. По речиси три години пандемија, Суперкласикото се одигра во фантастична атмосфера, а на крајот домаќините се радуваа.

Во последните моменти од мечот кога Ривер плејт се обидуваше да израмни, дефанзивецот на Бока Јуниорс, Маркос Рохо направи брутален старт. Некогашниот играч на Манчестер јунајтед со високо крената нога и отворен ѓон го удри противникиот играч директно во главата, а судијата оправдано му покажа црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести