Екс тренер на Наполи го критикува Елмас: Тој не е играч за овој тим!

Некогашниот играч и тренер на Наполи, Винченцо Монтефуско, има 77 години, и редовно ги следи настаните на тимот од неговиот роден град, иако повеќе од 20 години не работи.

Тој го искритикува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, смета дека Елмас не е „компатибилен“ за да игра за овој Наполи кој благодарение на ефикасната игра е лидер во Серија А, а реди победи и во Лигата на шампионите.

„Елиф веќе не е дете, има 23 години, и собрано доволно искуство од настапите во Наполи и неговата репрезентација. Не е играч кој ме воодушевува. Во овој Наполи, тој не може да ја игра својата улога во средниот ред, во ваква поставеност, никогаш нема да има место во почетниот состав за него“ – смета Монтефуско.

- Оглас -

Најнови вести