Ексиграч на Ливерпул советува: Продајте го Салах и купете го Мбапе

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Чарли Адам, кој само една сезона ги бранеше боите на актуелниот европски првак, го советува клубот да го ангажира Килијан Мбапе и да се ослободи од Мохамед Салах. Адам посочи дека ако некој од напаѓачкото трио на Црвените треба да го напушти „Енфилд“, тоа да биде популарниот Фараон, а на негово место да заигра младата ѕвезда на ПСЖ.

Англичанецот исто така истакна дека Ливерпул не треба да штеди пари доколку се насочи да го добие потписот на Мбапе.

„Иако знам дека е речиси невозможна мисија, Ливерпул треба да го купи Мбапе. Тој би играл на местото на Салах, кој сигурно би заминал доколку се случи овој мегатрансфер. Мбапе е идната фудбалска ѕвезда која ќе доминира во фудбалот, поточно веќе го прави тоа. Сепак, Ливерпул ќе треба да ја испразни касата за Килијан, најмалку 150 или 200 милиони фунти ќе бидат потребни за неговиот потпис“, истакна Адам.

Засега звучи неверојатно сценариото во кое Салах би го напуштил Ливерпул бидејќи тој веќе го доби статусот на легенда во клубот од страна на навивачите, но преодните рокови се полни со изненадувања, па би било интересно доколку овој совет на Адам прерасне во трансфер-сага.

- Оглас -

Најнови вести