Ексиграч на Севилја тврди: Во Кина е посигурно отколку во Европа

Португалецот Даниел Каричо од пред десетина дена се наоѓа во Вухан, градот од каде што започна ширењето на Коронавирусот. Каричо во зимскиот преоден рок потпиша токму за кинескиот клуб Вухан, по шест и пол години бранење на боите на Севилја. Тимот на Вухан до почетокот на март се наоѓаше во Марбелја пред да добие дозвола да се врати во Кина, а од таму Каричо тврди дека моментално ситуацијата е посмирена отколку во целата Европа и постепено се намалува бројот на заболени од вирусот Ковид-19.

„Чекавме да се смири ситуацијата и да ни дозволат да се вратиме дома. Во Кина практично нема опасност од Коронавирусот, сега проблемот е далеку поголем во Европа. Заболените во Вухан полека закрепнуваат и сè повеќе се намалува бројот на нови случаи бидејќи Кинезите се соочија со проблемот на правилен начин. Добро е што се преземаат драстични мерки, како откажување на натпреварите. И со затворање на стадионите се спречува ширењето, но подобро решение е воопшто да нема спорт. Здравјето на луѓето мора да е поважно од фудбалот или кој било друг спорт“, истакна Каричо.

Првентствата масивно се откажуваат на Стариот Континент откако се прогласи пандемија.

 

- Оглас -

Најнови вести