Ливерпул ја продолжи победничката низа на четири меча во Премиер лигата, со денешниот триумф од 2-0 на гостувањето кај Барнли. Фудбалерите на Јирген Клоп рутинирано запишаа нови три бода и го задржаа перфектниот учинок во шампионатот, а воедно против Барнли ја остварија петтата победа. четврта по ред, во последните шест меѓусебни дуели.
Откако мрежите мируваа по половина час игра, Ливерпул поведе во 33-тата минута, по центаршутот на Арнолд кој се одби од Вуд и заврши зад грбот на Поуп. Само четири минути подоцна, гостите зголемија на 2-0 по убиствениот контра-напад кој го организираше Фирмино, а го реализира Мане.
На десетина минути пред финишот на средбата, Фирмино се запиша во листата на стрелци и стана првиот Бразилец кој постигнал 50 голови во Премиер лигата.
https://twitter.com/SOCCERMEMES29/status/1167854863256117248