Екстракласа продолжува денеска, има и екстра вест за навивачите

Полската Екстракласа ќе продолжи денеска со два меча, а има и екстра вести за навивачите. Со мечот меѓу Сласк и Раков од 18 часот на празниот Градски стадион во Вроцлав полското првенство ќе го има својот камбек, а два и пол часа подоцна без публика ќе играат и Погон против Заглебје.

Но така ќе биде сè до 19 јуни, односно до првото коло во плејофот и плејаутот во полскиот шампионат, кога ќе биде дозвлено присуство на навивачи, но само со една петтина од капацитетот на стадионите.

До регуларниот дел на првенството, односно во следните четири рунди ќе се игра без публика, а потоа само најсреќните и најбрзите ќе можат да добијат ограничен број влезници за да ја следат завршницата и битката за титулата, но и за опстанок во Екстракласа.

Слично направија и Унгарците, но тие по истиот модел, еден човек на секое петто место на трибините, ќе почнат многу порано, веќе од петти јуни.

На четири кола до крајот на регуларниот дел во Полска лидер е Легија со 51 бод, зад нив е актуелниот првак Пјаст Гливице со 43 бодови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести