Еквадор ја освои бронзата на Мундијалито

Еквадор го заврши Светското првенство за играчи до 20 години како трета најдобра селекција, откако во мечот за бронзениот медал ја совладаа Италија со минимални 1-0. Победникот се одлучуваше во дополнителните 30 минути, откако мрежите на двете страни мируваа во регуларните 90.

Во продолженијата Италијанците беа тие кои први имаа шанса да дојдат до предност, но обидот на Оливиери од белата точка во 95-тата минута беше неуспешен. Десетина минути подоцна, Еквадорците имаа прилика од прекин да ја затресат мрежата на противникот, а по прецизно изведениот слободен удар, Мина беше најбрз во шестнаесетникот и го погоди голот на италијанската селекција.

Утре во 18 часот е закажано финалето и битката за светската титула, во која ќе се борат Украина и Јужна Кореја.

https://streamable.com/404t2

- Оглас -

Најнови вести