Додека трае принудната пауза во Серија А, беше организирано гласање за тоа кој е најдобриот играч што бил дел од италијанското првенство во последните 30 години. Навивачите можеа да гласаат за сите фудбалери кои продефилирале низ терените во Италија во периодот од 1990 до 2020 година, а приматот за најдобар му припадна на Роберто Баџо.
Популарниот Мал Буда во финалето за најдобар го победи легендарниот Бразилец Роналдо. За Баџо гласале 54 отсто од фановите. Во полуфиналето Баџо беше подобар од Андреа Пирло, а Ел Феномено го победи Франческо Тоти.
Место во четврт-финалето имаше и за Дел Пјеро, Буфон, Малдини и Зидан. Во гласањето за најдобар фудбалер учествувале над 640.000 луѓе.
And the winner is… Roberto Baggio!
Il Divin Codino batte Ronaldo (il Fenomeno) e trionfa nella #EurosportCUP⚽️
➡️https://t.co/PApfyi9XM4 pic.twitter.com/KRYH5lH7QC
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) April 12, 2020