Ел Класико на трансфер-пазарот – Реал ѝ „украде“ голем талент на Барселона

Реал Мадрид повлече неочекуван потег и го ангажира капитенот на младиот тим на Барселона, Жауме Жарди Појато, откако на 19-годишниот талент му истече договорот со Каталонците.

Првото Ел Класико во новата сезона се одигра на летниот трансфер-пазар и Реал ја победи Барселона со ангажманот на капитенот на младинскиот тим.

Појато е офанзивец, има огромен потенцијал и од него очекуваат да биде едно од најдобрите десни крила во Европа, а за почеток ќе игра за вториот тим на Кралскиот клуб за да стекне искуство.

Жарди мина пет години во познатата младинска Академија на Барселона „Ла Масија“, а повторно има критики за Каталонците, кои во последно време се обидуваат да се потпрат на дел од своите таленти од нивната школа, која важеше за една од најдобрите на светот, но во последно време со мала минутажа за играчите што беа дел од „Ла Масија“.

 

- Оглас -

Најнови вести