Елмас е опасен и со глава – Нов гол за Фенербахче (видео)

Елиф Елмас е творец на израмнувачкиот погодок на Фенербахче на гостувањето кај Касимпаша. Во мечот од 31-то коло во турската Суперлига, домаќините поведоа преку автоголот на Техин во 13-тата минута, но само седум минути подоцна Фенербахче израмни благодарение на македонскиот супер-талент.

Елмас ја затресе мрежата со глава, по одличната асистенција на Валбуена. Преостануваат уште шеесетина минути за Фенер да дојде до три бода со кои би биле поблиску до осигурување на опстанок во турската елита. Воедно, ова е трет погодок за нашиот репрезентативец во 28 натпревари во турскиот шампионат оваа сезона.

https://streamable.com/77jla

- Оглас -

Најнови вести