Елмас е среќен што се врати: Во квалификациите за ЕП ќе бидам барем едно ниво подобар од тоа што сум сега

Елиф Елмас повторно игра фудбал на врвно ниво, успеа да направи пресврт во Наполи и да докаже дека е одличен фудбалер, а сега очекува да биде уште подобар и да ѝ помогне на Македонија да оствари добар резултат во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

„Радосен сум што играм сè повеќе во Наполи и тоа ќе ми користи и при настапите за репрезентацијата. Финска не е наивна репрезентација, ни зададе доста мака вечерва, но со подобра реализација требаше да победиме.

Очекувам да играм барем едно ниво подобро од тоа што го давам сега и очекувам да бидам на посакуваното ниво кога ќе почнат квалификациите“, вели Елмас.

Македонија за три дена ќе игра против Азербејџан во Скопје, нов пријателски меч, овојпат од 14 часот, како последен тест пред стартот на квалификациите за ЕП идната година.

Во група сме со Италија, Англија, Украина и Малта, а стартот ќе биде со Малтежаните на 23 март во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести