Елмас го нема, ама Наполи доминира во најскапиот тим во Лигата на Европа (Фото)

Елиф Елмас го нема во дрим-тимот на Лигата на Европа според проценката на „Трансфермаркт“, но затоа Наполи доминира дури со четворица играчи меѓу 11-те најскапи што ќе играат сезонава во фазата по групи во ова натпреварување.

Голманот Мерет, стоперот Кулибали и напаѓачите Инсиње и Осимен се квартетот на Наполитанците во најскапиот тим според пазарната вредност на играчите во Лигата на Европа.

Лестер има тројца играчи, а интересно е што токму тие ќе му бидат денеска домаќини на Наполи во дербито на првото коло во фазата по групи во Лигата на Европа.

Популарните Лисици во дрим-тимот на ЛЕ ги имаат Сојунчу, Фофана и Ндиди. Двајца фудбалери се од Реал Сосиедад, напаѓачот Исак и Ојарзабал, а по еден фудбалер имаат Лацио, каде што игра Милинковиќ-Савиќ, и Вест хем, чиј претставник е Рајс.

Вчера со мечот меѓу Спартак Москва и Легија, на кој гостите победија со 1:0, почна новата сезона од Лигата на Европа, а денеска се играат уште 15 натпревари од првото коло по групи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести