Елмас има нов тренер во Фенер, Ервин Куман на клупата до крајот на сезоната

Фенербахче го постави Ервин Куман за нов тренер на првиот тим, откако претходно Филип Коку беше отпуштен од обврските поради лошите резултати на стартот од сезоната. Ервин му беше помошник на Холанѓанецот, а сега се согласи да го предводи тимот во кој е и нашиот Елиф Елмас до крајот на сезоната.

Доколку и двете страни се задоволни од работата по крајот на сезоната, Куман може да остане во Фенер и на подолг период. Ервин е постар брат на Роналд Куман, селекторот на „лалињата“, а ова за него ќе биде петти ангажман. Претходно ги водеше екипите на Валвијк, Феенорд, Утрехт и ПСВ Ајндховен, а своевремено беше и селектор на Унгарија.

Назначувањето на Куман е одлична вест за нашиот Елмас, бидејќи стратегот веќе ги знае квалитетите на македонскиот репрезентативец, кој имаше голема доверба од сега веќе екстренерот Коку, па јасно е дека неговиот статус во тимот нема да се смени и ќе биде во прв план и кај новиот тренер.

Куман би требало да биде на клупата за вечерашното дерби против Галатасарај, меч кој се игра во 19 часот, во рамките од 11-тото коло во турскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести