Суперталетираниот македонски плејмејкер кој од ова лето е член на Наполи, Елиф Елмас, извиси од трката за престижната награда Златно момче за 2019 година која ја доделува италијанскиот медиум „Тутоспорт“. Нашиот бисер иако се најде меѓу првите 40 од вкупно 100 кандидати, за влез во потесниот круг не доби доволен број гласови, од над 250.000 гласови, Елиф собра малку повеќе од 2%, статистика која може да се види на веб-страницата на „Тутоспорт“.
Наградата која се доделува на фудбалери помлади од 21 година моментно е во сопственост на Матајс де Лихт, дефанзивецот на Јувентус, а Холанѓанецот воедно е меѓу фаворитите за повторно да биде избран за најдобар млад играч. Најголем конкурент му е младата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, а во топ 20 уште се најдоа Ансу Фати и Ерлинг Браут Халанд меѓу попознатите таленти кои од почетокот на оваа сезона ја воодушевија фудбалска Европа.
Топ 20 фудбалери:
Матајс де Лихт (Јувентус, Холандија), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид, Португалија), Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен, Канада), Џанлуиџи Донарума (Милан, Италија), Ансумане Фати (Барселона, Шпанија), Филип Фоден (Манчестер сити, Англија), Матео Гендузи (Арсенал, Франција), Ерлинг Браут Халанд (Ред бул Салцбург, Норвешка), Кај Хаверц (Баер Леверкузен, Германија), Дејан Јовељиќ (Ајнтрахт Франкфурт, Србија), Мојзе Кен (Евертон, Итлаија), Канг-ин Ли (Валенсија, Јужна Кореја), Андриј Олексијович (Валјадолид, Украина), Данјел Мален (ПСВ Ајндховен, Холандија), Мејсон Маунт (Челзи, Англија), Родриго Гоес (Реал Мадрид, Бразил), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд, Англија), Феран Торес (Валенсија, Шпанија), Винисиус јуниор (Реал Мадрид, Бразил) и Николо Ѕаниоло (Рома, Италија).