Елмас ќе биде стартер кај Наполи за дербито против Рома?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можело да биде во почетниот состав на Наполи на гостувањето кај Рома в недела, најавуваат некои италијански медиуми.

Елмас само двапати сезонава беше стартер, најчесто е резерва, но би можело да добие шанса на дербито на „Олимпико“. Тренерот Лучијано Спалети не може да смета на Френк Замбо Ангуиса и на негово место планира да го вметне Елмас.

Елмас неодамна преку социјалните мрежи се пожали дека е врзан за клупата за резерви, но тоа нема врска со идејата на Спалети да го стави како стартер. Инаку, има уште три дена до мечот во Рим, па може да се случи и пресврт и Елмас повторно да извиси, а на местото на Ангуиса стартер да биде Ндомбеле.

- Оглас -

Најнови вести