Елмас веќе одигра 100 меча во дресот на Наполи, на 101-виот ќе го нема тренерот Спалети

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вчера го имаше својот 100-ти настап во дресот на Наполи во сите натпреварувања.

Елмас во 2019 година потпиша за Наполи и веќе има троцифрен број на мечеви, постигна 7 гола, а сезонава се бори и за титула во италијанската Серија А, која е една од најсилните лиги во Европа.

На следните два меча на Наполи во Серија А, на клупата ќе го нема Лучијано Спалети. Тој доби суспензија од две средби поради неспортски однос кон судиите на синоќешниот дуел со Сасуоло.

Од клубот најавија дека ќе поднесат жалба бидејќи сметаат дека казната е неправедна и престрога. Од Наполи ќе се обидат со свои аргументи да ги убедат членовите на арбитражата, суспензијата да биде преполовена и Спалети да биде суспендиран само на еден меч, на дерби-натпреварот со Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести