Елмас остана на клупа, нокдаун за Рино и Наполи од залетаниот Интер (видео)

Интер триумфално мина низ Неапол со сигурните 3-1 против Наполи во дербито од 18-тото коло во Серија А. Нероаѕурите се вратија на врвот на табелата со ист број на бодови со Јувентус (45) но подобра гол-разлика (39-15) засега им го гарантира врвот.

На „Сан Паоло“ се очекуваше спектакл, па може да се каже дека очекувањата ги оправда тандемот Лукаку – Лаутаро. Голгетерите на Интер стигнаа до бројката од вкупно 23 гола (Лукаку 14, Лаутаро 9) по денешниот дуел. Белгиецот во 14-тата, а потоа и во 33-тата минута на двапати го совлада голманот Мерет, на што домаќините одговорија преку Милик пред паузата.

Конечниот резултат и трите бода за миланскиот гигант ги осигура Лаутаро Мартинес во 62-та минута. Гатузо искористи две од можни три измени, но не му даде шанса на Елиф Елмас да се појави во ова дерби.

- Оглас -

Најнови вести