Елмас размислува да замине во клуб во кој би бил стартер, но…

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас размислувал да си замине од Наполи и да премине во некој клуб во кој би имал позначајна улога и би бил стандарден стартер. Ова го објави еден неаполски весник на својата насловна страница.

Сепак, евентуалниот трансфер на Дијамантот не е баш реална опција. Наполи не би го продал Елмас за помалку од 30-40 милиони евра, а и тренерот Лучијано Спалети има доверба во Елмас и не сака да се откаже од македонскиот репрезентативец.

Елмас веќе три сезони е во Наполи и почесто е на клупата за резерви отколку стартер и смета дека е доволно зрел за да игра редовно, па би заминал во таков тим ако веќе во Наполи не му даваат шанса.

Ако не се случи нешто сензационално во следните недели и дојде понуда која не се одбива, Елмас сепак најверојатно ќе остане во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести