Елмас стартер против Џенова, Пандев од клупата за резерви ќе чека шанса за македонски дуел на „Луиџи Ферарис“

Македонски дуел во мечот меѓу Џенова и Наполи од второто коло во Серија А, ќе се случи доколку Горан Пандев добие шанса да влезе во игра во текот на мечот, а воедно Елмас да остане на теренот бидејќи се најде меѓу почените 11 фудбалери на Наполи.

Во средбата на „Луиџи Ферарис“ која стартува во 18:30 часот, Елмас се најде во триото од средниот ред заедно со Фабијан Руис и Лоботка, а на Пандев му припадна улогата на џокер иако во воведното коло минатиот викенд беше стартер против Интер и го одигра целиот натпревар.

Наполитанците ќе се обидат да остварат нова победа по онаа над Венеција во која Елмас ги постави конечните 2-0, додека Џенова треба да покаже доста подобра игра по дебаклот со 4-0 од италијанскиот шампион.

https://twitter.com/GenoaCFC/status/1432001259511422980

- Оглас -

Најнови вести