Елмас сезонава веќе играше за Наполи, познато е дали има право да настапува и за Лајпциг во ЛШ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се наоѓа на пријавната листа на Лајпциг за настапи во Лигата на шампионите и утре има право да игра против Реал Мадрид во осминафиналето, иако во групната фаза сезонава тој играше за друг клуб (Наполи) во ЛШ.

УЕФА од пред некоја година дозволува во секој клуб да се вметнат најмногу тројца нови играчи најдоцна до 2 февруари и тие да може да играат во нокаут-фазата, а еден од нив тројца може да има играно и за друг клуб во тековната сезона во истото натпреварување.

Трите нови имиња во Лајпциг во јануарскиот преоден рок станаа Елмас, Цингерле и Битшиабу, а само Елмас има играно во ЛШ за друг клуб сезонава, па смее да се појави утре и на сите наредни мечеви кои Лајпциг би ги играл во елитното натпреварување до крајот на сезонава.

Елмас во дресот на Наполи сезонава имаше две пресметки против Кралскиот клуб од Мадрид, губеше со 2-3 и 2-4, а Дијамантот играше по 20-25 минути на тие дуели против 14-кратниот европски првак. Утре има трет обид.

- Оглас -

Најнови вести