Емил Павлов и Сара Ристовска се спортисти на годината

Каратистот Емил Павлов и ракометарката Сара Ристовска се прогласени за најдобри во машка, односно женска конкуренција при изборот за спортист на годината во Македонија. Овој избор, на еден или на друг начин, се одржува веќе 64 години, а во последните години организатор е Агенцијата за млади и спорт.

Церемонијата на прогласување на најдобрите се случи вечерва во Скопје. Според наградите, доминираа ракометари и каратисти.

Штипјанецот Павлов во 2018 година беше европски првак во карате, во категоријата до 60 килограми. Како што кажа при добивањето на признанието, следна цел му е настап и борба за медал и на Олимписките игри во Токио 2020 година, кога каратето треба да дебитира на олимписката програма.

Ристовска имаше настап со Вардар на фајнал форот во Лигата на шампионите, а потоа направи трансфер во словенечки Крим, со кого настапуваше и оваа сезона во европската елита. Таа не беше присутна на церемонијата.

НАЈДОБРИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА:

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ: Емил Павлов (карате)
НАЈУСПЕШНА СПОРТИСТКА: Сара Ристовска (ракомет)
НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ВО СТРАНСТВО: Кирил Лазаров (ракомет)

НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Карате федерација на Македонија
НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР: Сашко Арсовски (карате)

НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Ракометна репрезентација
НАЈУСПЕШЕН ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Ракометна репрезентација

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Фахик Весели (карате)
НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Анамарија Георгиевска (таеквондо)

- Оглас -

Најнови вести